Специфична цел RSO2.7 – Подобрување на заштитата и зачувувањето на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително и во урбаните области и намалување на сите форми на загадување
Постигнување одржливо функционално поврзување на природните и планираните елементи на зелениот систем во урбанизираната прекугранична средина Ќустендил – Куманово, со што функционирањето на зелената инфраструктура обезбедува повеќекратни придобивки за луѓето и континуирано го подобрува квалитетот на животот при зачувување и развој на природната средина
Специфична цел 1
Обезбедување еколошки, економски и социјални придобивки во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово преку воведување еколошки решенија во зелената инфраструктура;
Специфична цел 2
Зачувување, складирање и зголемување на природниот капитал, како и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните во прекуграничниот регион;
Специфична цел 3
Изработка на заеднички зелени мрежни решенија.
ВКУПЕН БУЏЕТ (euro)
0
Општина Ќустендил (euro)
0
Општина Куманово (euro)
0
Центар за развој на Третиот Североисточен плански регион (euro)
0
За проектот
Проектот „Урбано зазеленување за здраво дишење“ ќе обезбеди еколошки, економски и социјални придобивки во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово преку воведување решенија погодни за природата, кои ќе овозможат подобро да ги разбереме предностите што природата му ги дава на човекот и да ги мобилизираме инвестициите за одржување и зголемување на овие придобивки.
Со други зборови, зелената инфраструктура што треба да се имплементира во рамките на проектот ќе обезбеди одржливи екосистемски услуги кои ќе придонесат за човековата благосостојба и квалитетот на животот.
Проектот е насочен кон постигнување одржлив развој на зелената инфраструктура на Ќустендилско – кумановскиот регион, со што би се постигнала синхронија и синергија со останатите елементи на животната средина.
Имплементацијата на проектот ќе се спроведе преку следниве пристапи:
Развој на зелена инфраструктура со одржливо користење на ресурсите и заштита на животната средина;
Развој на зелена инфраструктура во синергија со приоритетите на меѓурегионалниот прекуграничен развој и во согласност со европските политики
Квалитетно одржување и одржлив развој на зелената инфраструктура со примена на иновативни решенија
Изградба на зелена инфраструктура во Ќустендил и Кумановско преку економски ефикасни и еколошки решенија
Ефективност и ефикасност на управувањето со зелената инфраструктура
Работен пакет 1 - Создавање стратешки услови за позелени урбани средини во прекуграничниот регион
Активност 1.1
Развој на стратегија за зелена инфраструктура за прекуграничен регион (Североисточен регион на Северна Македонија и општина Ќустендил)
Активност 1.2 - Мрежа на прекугранична соработка на „Зелени градови“
Активност 1.3 - Зелена урбана област и заедничка градина во Куманово
Активност 1.4 - Развој план за комуникација на проектот
Работен пакет 2 - Создавање методички услови за позелени урбани средини во прекуграничниот регион
Активност 2.1 - Градење капацитети во регионот Ќустендил и Северо-Источниот плански регион
Активност 2.2 Зелена урбана површина во регионот Ќустендил
Активност 2.3. - Кампања за подигање на свеста за зелената инфраструктура