BGMK0300064

„Урбано зазеленување за здраво дишење“

Програма Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија

Специфична цел RSO2.7 – Подобрување на заштитата и зачувувањето на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително и во урбаните области и намалување на сите форми на загадување

За проектот

Проектот „Урбано зазеленување за здраво дишење“ ќе обезбеди еколошки, економски и социјални придобивки во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово преку воведување решенија погодни за природата, кои ќе овозможат подобро да ги разбереме предностите што природата му ги дава на човекот и да ги мобилизираме инвестициите за одржување и зголемување на овие придобивки. Со други зборови, зелената инфраструктура што треба да се имплементира во рамките на проектот ќе обезбеди одржливи екосистемски услуги кои ќе придонесат за човековата благосостојба и квалитетот на животот.

Проектот е насочен кон постигнување одржлив развој на зелената инфраструктура на Ќустендилско – кумановскиот регион, со што би се постигнала синхронија и синергија со останатите елементи на животната средина. Целта на проектните партнери е ефикасно управување и развој на зелената инфраструктура, што е остварливо со доследни институционални мерки, професионално спроведени, со вклученост на јавноста, со примена на современи технолошки пристапи и разумна потрошувачка на ресурси за подобрување на животниот стандард.

Основната цел:

Постигнување одржливо функционално поврзување на природните и планираните елементи на зелениот систем во урбанизираната прекугранична средина Ќустендил – Куманово, со што функционирањето на зелената инфраструктура обезбедува повеќекратни придобивки за луѓето и континуирано го подобрува квалитетот на животот при зачувување и развој на природната средина

Специфична цел 1

Обезбедување еколошки, економски и социјални придобивки во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово преку воведување еколошки решенија во зелената инфраструктура;

Специфична цел 2
Зачувување, складирање и зголемување на природниот капитал, како и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните во прекуграничниот регион;
Специфична цел 3
Изработка на заеднички зелени мрежни решенија.
ВКУПЕН БУЏЕТ (euro)
0
Општина Ќустендил (euro)
0
Општина Куманово (euro)
0
Центар за развој на Третиот Североисточен плански регион (euro)
0

Имплементацијата на проектот ќе се спроведе преку следниве пристапи:

Предизвици

Проблемите и предизвиците со кои се соочува развојот на зелената инфраструктура во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово, дури и ако се фокусирани само на територијата на двата града, влијаат на различни сектори и сфери на јавниот развој и квалитетот на животот на граѓаните, што бара примена на интегрирани, сложени, комплементарни пристапи за нивно решавање, кои во исто време даваат можност за индивидуални и локални иницијативи.

Развојот на зелената инфраструктура ќе ги поврзе постојните природни области и ќе го поддржи одржувањето на здрави, функционални и одржливи урбани екосистеми, со што ќе придонесе за подобрување на квалитетот на урбаната средина. Изградбата на квалитетна зелена инфраструктура може да се постигне само преку интегриран пристап кон развојот на урбаната средина и нејзиното просторно планирање.

Воспоставениот модел на живот во модерната урбанизирана средина го принудува човечкиот организам да се справи со отежнати услови кои вклучуваат акумулација и на штетни супстанции и на замор, ментална напнатост, стрес и сите последици што произлегуваат од современата динамика, кои заедно негативно влијаат на здравјето и го нарушуваат квалитетот на животот. Зелените површини се нај природното и нај посакуваното место за рекреација во градовите за враќање на физичката, менталната сила и работниот капацитет на луѓето. Потребата од реални можности за рекреација во природна средина бара континуирано проширување на можностите за целосно користење на зелените површини во градовите и подобрување на условите што тие ги обезбедуваат за целосна рекреација во „зелена“ средина.

Имплементацијата на проектот има за цел да развие нови, иновативни и зелени преку-гранични пристапи во регионот, меѓусебно поврзани со главната цел на предлог-проектот:

Проектот ќе биде реализиран преку имплементација на активности кои се поделени во два работни пакети.

Во рамките и на двата работни пакети предвидени се активности за обезбедување на видливост на проектот. Мерките за комуникација и публицитет за интервенциите се дизајнирани да ја подигнат свеста за позитивното влијание на финансирањето од ЕУ, да обезбедат видливост на можностите за финансирање од ЕУ, да обезбедат информации за тематските активности и да придонесат за капитализација на постигнатите резултати и резултати од проектот. Подигнување на свеста за ефектите од користењето на зелената инфраструктура врз подобрувањето на квалитетот на живот во урбаните средини, со цел да се поттикнат активности за подобрување на квалитетот на живот и здравје преку зголемување на зелените површини, зелени решенија и кампањи за подигање на свеста и застапување за заштита на здравјето од климатските промени и загадувањето на воздухот на локално ниво. Во рамките на активноста, ќе се спроведе кампања за подигање на свеста и застапување со цел да се стави зелената инфраструктура во центарот на агендата за ублажување и адаптација кон климатските промени на локално ниво.
Работен пакет 1 - Создавање стратешки услови за позелени урбани средини во прекуграничниот регион
Активност 1.1 Развој на стратегија за зелена инфраструктура за прекуграничен регион (Североисточен регион на Северна Македонија и општина Ќустендил)
Препознавајќи ја големата улога што зелената инфраструктура ја игра во заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот во урбаните области и земајќи предвид дека овој вид инфраструктура и овој начин на решавање на одредени комунални проблеми во градовите сè уште не се применува во доволна мера во североисточниот плански регион на Северна Македонија и општина Ќустендил во Република Бугарија, во рамките на оваа активност ќе се развие стратегија за зелена инфраструктура за овој регион. Развојот на стратегија за зелена инфраструктура, која го дефинира планирањето и управувањето со зелената инфраструктура, е клучен за справување со климатските промени. Целта ни е да ја користиме стратегијата за информирање при донесувањето одлуки, политиката за планирање и управувањето со развојот. На овој начин, несомнено ќе се создадат услови за креирање на поздраво и попривлечно место за жителите, со подобар пристап до природата и висококвалитетни отворени простори. Исто така, ќе се подобри биодиверзитетот низ целиот регион. Затоа, целта на Стратегијата е да помогне да се обезбеди ефикасно спроведување на агендата за зелената инфраструктура во областите на прекугранична соработка опфатени со проектот. Формулирањето на Стратегијата ќе ги вклучи клучните засегнати страни. Во рамките на процесот на развој на стратегијата, ќе се спроведе серија од четири работилници. Разработката на Стратегијата за зелената инфраструктура треба да се состои од неколку главни чекори – анализи, прегледи, предлог за визија, цели. Ќе се формулира и Акционен план. Опишаните активности во Акциониот план ќе бидат ориентирани кон развој на нови инфраструктурни области или создавање елементи на зелена инфраструктура (зелени површини, зелени ѕидови и зелени покриви, елементи на одржливо управување со дождовницата, садење улички и жива ограда итн.), подобрување преку предлагање на одредена квалитативна промена – т.е. функционални промени во постојните области на зелена инфраструктура, елиминирање на фрагментацијата и создавање врски, зголемување на разновидноста на растителните видови итн.
Активност 1.2 - Мрежа на прекугранична соработка на „Зелени градови“
Оваа активност има два дела: (1) Развој на веб-страница и Фејсбук страница и (2) Вмрежување на релевантни професионалци, носители на одлуки, урбанисти и други релевантни засегнати страни во областа на зелената инфраструктура од двете страни на границата. Веб-порталот на проектот ќе биде дизајниран, развиен и имплементиран на 3 јазици: бугарски, македонски и англиски. оваа веб-страница ќе се имплементираат и некои активности во рамките на кампањата.
Активност 1.3 - Зелена урбана област и заедничка градина во Куманово

Подобрување, реновирање и уредување на урбаните средини во Куманово, што вклучува:

  • Садење на дрвја во Куманово
  • Развој на зелени површини за управување со водите (зелени улици за атмосферски води/дождовни градини – одржливи урбани системи за одводнување) во Куманово
  • Развој на урбана зелена површина и заедничка градина во средното училиште „Перо Наков“ во Куманово
Активност 1.4 - Развој план за комуникација на проектот
Ова е активност со една задача која има за цел да развие план за комуникација што ќе ја дефинира стратегијата за комуникација на проектот и ќе се користи како водич од страна на партнерите во проектот за максимизирање на неговото влијание врз целните групи. Планот за комуникација на проектот ќе ги дефинира целите, ќе ги опише целните групи на активностите за комуникација и дисеминација и ќе ги наведе соодветните средства, комуникациски канали и материјали потребни за да се достигнат целните групи и да се постигнат целите.
Работен пакет 2 - Создавање методички услови за позелени урбани средини во прекуграничниот регион
Активност 2.1 - Градење капацитети во регионот Ќустендил и Северо-Источниот плански регион
Градењето капацитети ќе започне со серија обуки поврзани со зелената инфраструктура. Главната цел на обуката е да ги опреми претставниците на општините (одделенија за локален економски развој, урбанистичко планирање и креирање политики), јавните претпријатија и другите засегнати страни со основен сет на вештини и знаења потребни за планирање и користење на зелената инфраструктура. Активноста ќе вклучува спроведување на 2 дводневни обуки фокусирани на зелената инфраструктура како потенцијална мерка за решавање на локални и регионални еколошки проблеми. На секоја обука ќе учествуваат 40 претставници од поканетите институции (по 20 од секоја земја). – Првата обука ќе опфати: „Основи на зелена инфраструктура и нејзино користење“ во Куманово, додека втората обука ќе опфати: „Транзиција кон „Зелен град“ во Ќустендил.
Активност 2.2 Зелена урбана површина во регионот Ќустендил

Активноста вклучува обновување на зелената урбана површина во регионот на Ќустендил, вклучувајќи ги следните цели:

  • Реновирање на еко-паркот „Езерата“ во градот Ќустендил, вклучувајќи тековна поправка и одржување на зелените површини, изградба на еколошки чисти изложбени површини за образовни цели, создавање ботаничка авенија и уредување на пејзажот;
  • Подобрување на рекреативна зона во централниот дел на градот Ќустендил.
Активност 2.3. - Кампања за подигање на свеста за зелената инфраструктура
Кампањата има за цел да ја разјасни улогата и потребните активности на населението, креаторите на политики и другите за спроведување мерки за зелена инфраструктура за подобрување на адаптацијата на зелените решенија и намалување на загадувањето на воздухот и другите видови загадување. Во овој поглед, ќе бидат објаснети придобивките за локалните граѓани од различни избори во области како што се енергетска ефикасност, спречување на поплави, зелени урбани решенија и зелени површини. Кампањата ќе користи стандардни методи (билборди, брошури, аудио и видео спотови, настани од кампањата, презентации), а исто така ќе се користат и иновативни пристапи на мултимедијални платформи. Активно ќе бидат вклучени релевантни засегнати страни, младински групи и невладини организации. Подоброто разбирање на ризиците и ефектите од користењето на зелената инфраструктура врз квалитетот на животот ќе мотивира и олесни и промената во однесувањето и општествената поддршка за преземените активности за ублажување на климатските промени, намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на воздухот. Подобрената свест ќе им помогне на општинските професионалци да обезбедат лидерство во поддршката на брза и сеопфатна стратегија и планови за зелена инфраструктура што ќе го подобрат квалитетот на животот и ќе ја намалат ранливоста. Кампањата ќе се спроведува во Североисточниот регион на Република Северна Македонија, Куманово и Ќустендил.

Партнери