Започна имплементација на проектот „ Урбано зазеленување за здраво дишење“

02.07.2024

Проектот е финансиран во рамките на IPA III- INTERREG Програмата за прекугранична соработка „ Бугарија – Северна Македонија 2021-2027”

Партнери во проектот се Општина Кустендил од Република Бугарија, Општина Куманово и Центар за развој на Третиот Северо-Источен плански регион од Република Северна Македонија

Проектот е насочен кон постигнување одржлив развој на зелената инфраструктура на Ќустендилско – кумановскиот регион, со што би се постигнала синхронија и синергија со останатите елементи на животната средина. Целта на проектните партнери е ефикасно управување и развој на зелената инфраструктура, што е остварливо со доследни институционални мерки, професионално спроведени, со вклученост на јавноста, со примена на современи технолошки пристапи и разумна потрошувачка на ресурси за подобрување на животниот стандард.

Со проектот ќе се изградат нови зелени површини Куманово и Кустендил Република Бугарија.

Освен воведувањето зелена инфраструктура во овие два града со проектот на регионално ниво ќе се изработи: 1. Стратегија за зелена инфраструктура, 2. Акциски планови, 3. Кампања за подигнување на јавната свест и 4. градење капацитети

Буџетот на проектот изнесува 541.709,45 ЕУР