„Урбано зазеленување за здраво дишење“



Проектни резултати
P1-RCR104: Решение преземено или зголемено од организациите
Целна вредност – 1
Проектот има за цел да обезбеди сеопфатна заштита на богатиот биодиверзитет во двата погранични региони Ќустендил и Куманово преку развивање стратегија за зелена инфраструктура (ЗИ) за Североисточниот регион (МК) и Општина Ќустендил (БГ), заедно со Заеднички акционен план. Иако може да изгледа како стандардно решение, оваа Стратегија за зелена инфраструктура и акционен план ќе ја постават основата за промена на разбирањето на животната средина и нејзиното длабоко влијание врз здравјето на луѓето. За да ги засилиме нашите напори, ќе ја поднесеме Стратегијата за одобрување од страна на Советот на Североисточниот регион и Советот на Општина Ќустендил, како и Акциониот план за одобрување од страна на Советите на Општина Куманово и Општина Ќустендил и ќе го одбележиме нејзиното усвојување со јавна демонстрација на заедничка иницијатива од мал обем. Оваа презентација ќе им обезбеди на локалните жители опипливи примери за тоа како пристапот кон екосистемите позитивно влијае врз благосостојбата и отпорноста на заедницата.
P1-RCR105: Население кое има пристап до нова или подобрена зелена инфраструктура
Целна вредност – 30.000
Населението на градовите, има потреба од постоење на атрактивни и добро дизајнирани рекреативни површини, каде што има соодветни услови за поминување на слободно време и за одмор. Изградбата и реставрацијата на рекреативна површина по главните булевари во Куманово и реставрацијата на зелена инфраструктура во училишниот двор, исто така, ќе придонесат за подобрување на квалитетот на воздухот, спречување на загадувањето и создавање поздрава животна средина.
Партнери


