26.07.2024
На 26 јули 2025 година во малата сала мала сала во бивш Комитет во Куманово се одржа Втората работилница за подготовка на Стратегијата за зелена инфраструктура и акционен план за североисточниот регион, Северна Македонија и општина Ќустендил, Бугарија која се подготвува во рамките на проектот „ Урбано зазеленување за здраво дишење “
На оваа работилница, присутните учесници, претставници од општини, јавни институции и невладини организации се запознаа основните елементи на една стратегија, како што се Визија, цели и области. Низ имплементација на заеднички вежби, се дефинираа целите и визијата на стратегијата.
Учесниците се запознаа и со поимот на SWOT анализа, како оваа анализа се имплементира. Во текот на работниот ден, учесниците дефинираа проблеми, силни и слаби страни, можности и закани, односно беше изготвена SWOT анализа за регионот.
Изработката на Стратегија за зелена инфраструктура и акционен план за Североисточниот регион, Северна Македонија и општина Ќустендил, Бугарија е финансирана во рамки на проектот: “„ Урбано зазеленување за здраво дишење “. Проектот е финансиран во рамките на IPA III- INTERREG Програмата за прекугранична соработка „ Бугарија – Северна Македонија 2021-2027”