Одржана третата работилница за подготовка на Стратегија за зелена инфраструктура и Акционен план

10.09.2024

На 10 септември 2025 година во малата сала мала сала во бивш Комитет во Куманово се одржа Третата работилница за подготовка на Стратегијата за зелена инфраструктура и акционен план за североисточниот регион, Северна Македонија и општина Ќустендил.

Учесниците, преку дискусија, заедничка работа и табеларна матрица, извршија идентификација и мапирање на постојните предизвици и расположливи ресурси, и дефинираа неколку насоки, врз основа на кои се формулираа стратешките цели и приоритети. 

Во рамките на работилницата се дефинираат и следните чекори кои треба да се преземат за формулирање на стратегијата и акциониот план, особено од аспект на можни проекти за зголемување на зелената инфраструктура во регионот. 

Изработката на Стратегија за зелена инфраструктура и акционен план за Североисточниот регион, Северна Македонија и општина Ќустендил, Бугарија е финансирана во рамки на проектот:  Урбано зазеленување за здраво дишење “. Проектот е финансиран во рамките на IPA III- INTERREG Програмата за прекугранична соработка „ Бугарија – Северна Македонија 2021-2027”

линк до презентацијата