Одржана првата работилница за подготовка на Стратегија за зелена инфраструктура и Акционен план

19.07.2024

На 19 јули 2025 година во малата сала мала сала во бивш Комитет во Куманово се одржа Првата работилница за подготовка на Стратегијата за зелена инфраструктура и акционен план за североисточниот регион, Северна Македонија и општина Ќустендил, Бугарија која се подготвува во рамките на проектот „ Урбано зазеленување за здраво дишење “

Тема на оваа работилница беше Запознавање со проектот и поимот зелена агенда, претставување на методологија за изработка. Присутните учесници, претставници од општини, јавни институции и невладини организации се запознаа самиот проект, целите, како и методологијата за изработка на стратегија која треба да се подготви во рамки на проектот.

Изработката на Стратегија за зелена инфраструктура и акционен план за Североисточниот регион, Северна Македонија и општина Ќустендил, Бугарија е финансирана во рамки на проектот:  Урбано зазеленување за здраво дишење “. Проектот е финансиран во рамките на IPA III- INTERREG Програмата за прекугранична соработка „ Бугарија – Северна Македонија 2021-2027”