Одржана четвртата работилница за подготовка на Стратегија за зелена инфраструктура и Акционен план

18.09.2025

На 18 септември 2025 година во малата сала мала сала во бивш Комитет во Куманово се одржа Четвртата работилница за подготовка на Стратегијата за зелена инфраструктура и акционен план за североисточниот регион, Северна Македонија и општина Ќустендил.

Во рамките на четвртата заедничка работилница се презентираа методи, алатки, техники и реализирани добри практики за вклучување на јавноста во процесите на изработка на Стратегијата за зелена инфраструктура. Исто така, со цел следење на имплементација на Стратегијата и Акциониот план беа разгледани и методи за  дефинирање на индикатори и техники за следење на имплементација и воспоставување на механизми за известување и оценка на резултатите и мониторинг.

Изработката на Стратегија за зелена инфраструктура и акционен план за Североисточниот регион, Северна Македонија и општина Ќустендил, Бугарија е финансирана во рамки на проектот:  Урбано зазеленување за здраво дишење “. Проектот е финансиран во рамките на IPA III- INTERREG Програмата за прекугранична соработка „ Бугарија – Северна Македонија 2021-2027”

презентацијата